Португалецот ги поместува границите: Шериф е 124-тиот тим против кого Роналдо постигнал гол!

Молдавскиот тим Шериф Тираспол синоќа стана 124-тиот различен противник на кој Кристијано Роналдо му има дадено гол во клупската кариера, а му беше и прв гол во кариерата во Лига на Европа.

Тоа беше 699-ти гол за Роналдо во неговата клупска кариера, па наредниот ќе значи и јубилејна 700-ка за најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.

Прва жртва на Роналдо беше португалскот тим Мореиренсе во 2002 година, кога тогаш 17-годишниот Кристијано играше за Спортинг Лисабон.

 

- Оглас -

Најнови вести