Португалецот од Челзи е скршен поради смртта на Жота, нема да игра против Палмеирас

Португалескиот интернационалец во редовите на Челзи, Педро Нето, нема да настапи за „сините“ на четвртфиналниот меч од Светското клупско првенство против Палмеирас. Причината е смртта на Диого Жота, со кого беа соиграчи во репрезентацијата на Португалија, но и во Вулверхемптон.

Информацијата ја потврди и тренерот на Челзи, Енцо Мареска, кој откри дека фудбалерот воопшто не тренира со екипата.

„Ова е многу тажен ден. Тешко ми е да најдам зборови, чувството во овој момент е беспомошност. Единственото нешто што можам да го кажам е дека сета моја љубов е со семејството – ова е голема трагедија за нив. Педро е повеќе од тажен. Тоа е негова одлука дали ќе игра. Ние му даваме поддршка. Што и да одлучи, ќе биде правилно.“ – рече Мареска.

- Оглас -

Најнови вести