1.8 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Португалецот продолжува да стрела: Кристијано Роналдо дојде до бројка од 956 гола (Видео)

Кристијано Роналдо продолжува да стрела во Про лигата на Саудиска Арабија, откако со два гола го предводеше Ал Наср до победа од 3-0 над Ал Окдод. Португалецот со овие два гола дојде до бројка од 956 гола во кариерата.

Третиот гол на мечот беше дело на Жоао Феликс, па сега двајцата Португалци имаат по 12 гола во саудиската Про лига и го делат врвот од листата на стрелците.

- Оглас -

Најнови вести