Посредник е таткото на Ансу Фати – Португалецот што ѝ даде гол на Македонија ќе игра за Гвинеа Бисао (Видео)

Едгар Је ќе игра за својата родна земја Гвинеа Бисао откако не доби шанса да настапи за сениорската репрезентавција на Португалија на официјален меч, а со него за африканската земја веројатно ќе игра и Карлос Мане.

Је има 27 години и ги мина сите младински селекции на Португалија, а за оваа селекција беше и стрелец на првиот гол против Македонија на младинското Европско првенство во Полска пред четири години.

Тогаш Португалците не победија со 4:2, а голеадата ја отвори токму Је со гол во втората минута.

Дефанзивецот има одиграно еден натпревар и за сениорската селекција на Португалија, но на пријателски и неофицијален меч против Саудиска Арабија истата 2017 година, па може непречено да настапува за Гвинеа Бисао.

Интересно е што и за него и за Карлос Мане да бидат нови репрезентативци најмногу придонел таткото на Ансу Фати, кој е роден во Гвинеа Бисао, но игра за Шпанија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести