Радост за Португалците – Оливеира победи во Портимао, шампионот Мир ја продолжи страшната доминација на Шпанците (Видео)

Завршната трка во Мото ГП им донесе многу радост на домаќините на Гран-При Португалија, а ги израдува Мигел Оливеира на КТМ со победа во Портимао.

https://twitter.com/MotoGP/status/1330511984786370562?s=20

Сепак најважното, шампионската круна во најсилната мото класа на светот повторно остана во Шпанија и деветта сезона по ред.

Апсолутната доминација на Шпанците што ја почна Хорхе Лоренцо во 2012 година сега ја продолжи Жоан Мир, кој е нов светски првак во Мото ГП, класа до 500 кубици.

Мир и пред последната трка веќе беше крунисан во нов првак, бидејќи имаше недостижна разлика од 29 поени пред Франко Морбидели, кој е вицешампион во Генерален пласман. Третопласиран на крајот од сезоната е Алекс Ринс.

https://twitter.com/MotoGP/status/1330512899060748288?s=20

Во конкуренција на конструктори голем успех забележа тимот на Дукати со освојување на шампионската круна.

- Оглас -

Најнови вести