Македонија, Португалија и Велс ѝ се приклучија на Полска како финалисти во бараж-системот на ФИФА за настап на Мундијалот во Катар, а драматично е во Солна, каде што Шведска и Чешка ќе играат продолженија од двапати по 15 минути откако во регуларните 90 минути немаше голови.
Португалците вечерва ја победија Турција со 3:1, и тоа со многу среќа откако Јилмаз промаши пенал во 85-тата минута за 2:2.
Отавио, Жота и Нуњес погодија за домаќинот, доволно за пласман во завршниот бараж-меч против Македонија на 29 март на „Драгао“ во Порто.
Со идентична победа од 2:1 против Австрија, и Велс ќе игра финале, а Змејовите дотаму ги донесе извонредниот Герет Бејл со два гола.
Првиот беше еврогол од слободен удар во 25-тата минута, а вториот исто така одличен во 51-вата минута.
WHAT A GOAL FROM GARETH BALE pic.twitter.com/NvOWxmCcOm
— Felix (@CFCFeIix) March 24, 2022
Бен Дејвис си даде автогол во 65-тата минута, но тоа е слаба утеха за Австријците, кои испаднаа и нема да играат во Катар.
https://twitter.com/madridistatvYT/status/1507100161994022916?s=20&t=uRlv_WkvkMko61nlJ69VBg
Во Солна, Шведска и Чешка одиграа без голови во регуларниот дел и таму ќе има продолженија.
Полска без игра е во финалниот бараж по елиминацијата на Русија од страна на ФИФА, а мечот меѓу Шкотска и Украина треба да се игра во јуни.