Во Португалија на меч на мал фудбал, или популарниот футсал се случи голем инцидент и беше нокаутиран судијата од играч што неколку моментни претходно беше исклучен.
Инцидентот го направи капитенот на футсал тимот Салесијана Есторил, Франциско Ваз, а со боксерско кроше го нокаутира судијата Андре Кардозо.
Видеото со срамниот потег на фудбалерот на можете да го погледнете ОВДЕ.
Кардозо потоа го прекина мечот меѓу Преганса и Салесијана Есторил, а капитенот на гостите беше упасен од полицијата.
Португалија е земја на футсалот и репрезентацијата е актуелен европски и светски првак.