Португалија бадијала игра викторија, Уругвајците знаат како да се бранат

По првите два денешни натпревари на кои беа постигнати голови на полувреме, во другите два селекциите му се вратија на „омилениот резултат“ по 45 минути игра. По Бразил и Швајцарија, вечерва и Португалија и Уругвај одиграа без голови по првото полувреме иако тоа помина во доминација на европјаните.

Во првите 20-тина минути, Уругвајците речиси и да не го поминаа центарот бидејќи Португалија, предводена од Кристијано Роналдо, доминираше на теренот на стадионот „Лусаил Ајконик“, но не успеа да направи ниту една сериозна шанса за гол. Во тој период 78 отсто од поседот на топката беше во нивните нозе.

Во финишот од првото полувреме, Уругвајците се ослободија од притисокот и во 32-рата минута ја имаа најдобрата шанса. Родриго Бентакур тргна во соло акција, влезе во шеснаесетникот на Португалците и успеа да шутне, но голманот Диого Кошта го одбрани неговиот удар и тоа беше единствената шанса во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести