24.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Португалија без една од главните ѕвезди ќе гостува во Белград

Еден од столбовите во одбраната на Португалија, Пепе, нема да игра на двата меча за националниот тим против Србија и Литванија во септемврискиот термин од квалификациите за ЕП 2020. Искусниот стопер на Порто се повреди на дуелот против Гимараиш, кога мораше и предвреме да го напушти теренот.

По направените лекарски контроли, било констатирано дека Пепе мора да мирува, па затоа не е на списокот на селекторот Фернандо Сантош. На местото на Пепе е повикан младиот дефанзивец на Бенфика, Франциско Фереира Феро. Тоа е играч кој ги помина сите младински категории на националниот тим, но уште нема дебитирано за сениорите.

По два меча во квалификациите, Португалија има две нерешени, додека Србија од три меча е со четири бода. Дуелот во Белград се игра на 7 септември.

 

- Оглас -

Најнови вести