Португалија и Франција одиграа без голови по регуларните 90 минути игра во четвртфиналето на ЕП. Овој резултат значи дека драмата ќе продолжи со дополнителни 30 минути, а доколку и по тој половина час нема победник, ќе треба да се шутираат пенали за да се дознае ривалот на Шпанија во полуфиналето на континенталниот собир.
Многу калкулации, многу тактизирања и главна цел да не се прими гол кај двете селекции кои на крајот треба да го дадат победникот, а поразениот ќе си замине дома.
Португалија го имаше поседот на топката, Франција упати повеќе шутеви, а Португалија изведе дури 10 корнери, но сето тоа беше џабе затоа што мрежите на двата тима мируваа.
Португалија и во осминафиналето играше продолженија и пенали по кои се радуваше против Словенија, додека Франција во претходната фаза помина понатаму благодарение на автоголот што си го даде Белгија.