Португалија и со пораз може да оди понатаму, Шпанија без ниедна победа може да биде во осминафиналето

Денеска треба да бидат комплетирани сите учесници во осминафиналето на Европското првенство. Се играат четири меча од Е и Ф групите кои треба да го донесат расплетот од групната фаза на континенталниот собир.

Во Е групата, Шведска, која веќе има обезбедено место во нокаут-фазата, игра против Полска, која досега освои само еден бод, но сепак има шанси да оди понатаму. Доколку Полјаците победат, ќе бидат дел од осминафиналето. Во вториот меч од оваа група, Шпанија игра против Словачка. Црвената фурија е голем фаворит, но во првите два меча не беа убедливи и освоија само два бода (две нерешени средби), додека Словаците имаат три бода.

НЕУБЕДЛИВИТЕ ШПАНЦИ МОЖЕ ДА ЗАВРШАТ И ПОСЛЕДНИ, НО И ПРВИ

Шпанија сигурно ќе атакува на освојување на трите бода, но и со нерешено може да биде во осминафиналето. Ако заврши нерешено, Шпанија ќе има три бода и гол разлика на нула, што ќе биде доволно да биде пред Украина и Финска, кои се третопласирани, но имаат негативна гол разлика.

Сепак, ако Шпанија одигра нерешено, а Полска слави против Шведска, во тој случај Шпанците ќе бидат последни и нема да одат понатаму. Тоа значи дека Шпанија со реми е трета само ако Полска не победи против Шведска. Има опција Шпанија да биде и прва, а тоа е ако победи против Словачка, а Шведска да загуби од Полска.

АКТУЕЛНИОТ БРАНИТЕЛ НА ТРОНОТ Е ВО ОПАСНОСТ ДА ИЗВИСИ

Во Ф групата, која беше наречена „група на смртта“, Франција е сигурна, а Германија не смее да дозволи да загуби од Унгарија во Минхен за да оди понатаму. Во најризична ситуација е Португалија, која е трета со три бода и може да извиси.

Сепак, калкулациите велат дека Португалија и со пораз од еден гол во дуелот со Франција ќе биде патник во нокаут-фазата. Тоа е така затоа што Португалците сега имаат гол разлика 5:4 и доколку загубат со еден разлика, нивната гол-разлика ќе биде НУЛА, што е подобро од тоа што го имаат третопласираните Украина (минус еден гол разлика) и Финска (минус два гола разлика).

 

- Оглас -

Најнови вести