Португалија им покажа на Србите дека Швајцарија и не е толку силна!

Португалија ја растури Швајцарија со 6-1, и се најде во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, каде што за ривал ќе го има изненадувањето Мароко.

Јунак на вечерта е 21-годишниот Гонсало Рамош кој постигна три гола, и стана првиот фудбалер по Чехот Томаш Скухрави од 1990 година, кој дал хет-трик на меч од нокаут фаза на СП.

Кристијано Роналдо беше резерва, во 73-та минута влезе во игра, даде и гол, но беше нерегуларен, беше во офсајд позиција и оправдано му беше поништен:

https://twitter.com/i/status/1600229422006734892

- Оглас -

Најнови вести