Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон ќе игра за третата куп-титула во последните две сезони откако е член на лисабонските лавови, а овојпат ќе се обиде да стигне до хет-трик со триумф во националниот куп.
Вчера Спортинг без суспендираниот македонски репрезентативец поради црвен картон, ја победи Бенфика со 1-0 благодарение на голот во гости на првиот меч и покрај поразот од 1-2 се пласира во финалето.
Противник ќе им биде Порто, а Спортинг по двете освоени титули во Лига купот, лани и годинава, ќе се обиде да го прекине постот од 4 години и повторно во своите витрини да го врати пехарот во националниот куп.
Ристовски има магија за трофеи во куповите, откако и со Риека успеа да го крене пехарот во Хрватска во сезоната 2015/16, а веднаш потоа се пресели во Спортинг и веќе има два трофеи во Лига купот.
Македонскиот репрезентативец ќе има право за настап во финалето против Порто и шанса да се закити со четвртиот куп-пехар со две различни екипи.