Португалија има „О Класико“, 240-ти меч на Бенфика и Порто

Пиринеите имаат две значајни дербија, светски познатото „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона и популарното „О Класико“ во Португалија, дуелот меѓу Бенфика и Порто.

Денеска на ред е португалскиот меч, но не во домашното првенство, туку во Лига купот. И ќе се игра на неутрален терен во Брага, а влогот е пласман во финале. Денеска ќе доминираат мечевите од купот, а ги има и во Шпанија, Холандија, Франција, Труција…, а ние ви подготвивме пет предлог-типови.

 

Бенфика – Порто (20.45 часот)

Сите мечеви меѓу овие два ривали се важни, иако денеска се игра дуел од Лига купот. Ова е вкупно 240-ти меѓусебен дуел на двата португалски гиганти во ривалство што почна во април 1912 година.

Билансот им е тука некаде, речиси израмнет, со 92 победи на Порто, 87 на Бенфика и 60 нерешени мечеви.

Порто игра во подобра форма и е лидер во домашното првенство, со пет бодови предност пред Бенфика. Ова сепак е поинаков меч, се игра според нокаут-систем и нема многу простор за калкулации. Вечерва во Брага мора да има победник и финалист во Лига купот. Иако од последните девет меча, дури осум завршија со 0-2 гола, ќе типуваме дека овојпат ќе биде поефикасно.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.20) Квота на денот

 

АЗ Алкмар – Витесе (20.45 часот)

И ова е меч од купот, во Холандија, а играат две екипи кои се мошне ефикасни. Влогот е голем, се работи за пласман во полуфиналето, кое речиси сигурно ќе гарантира настап на една од екипите во квалификациите за Лигата на Европа.

Аз Алкмар постигнува гол на последните 21 од 24 меча на домашен терен, а и Витесе е ефикасен со 19 меча од последните 25 на кои како гостин ја тресел мрежата на домашните екипи.

Предлог тип: T1 1+I & Т1 2+ (2.10) Квота на денот

 

Монако – Мец (21 часот)

Меч кој доаѓа во погрешно време и за двете екипи. Монако наместо да тргне кон безбедните позиции, ја продлабочи кризата со катастрофален пораз од Стразбур со 1-5 на домашен терен, а и Мец се сопна. Лидерот во втората француска лига загуби дома од Клермон и наместо да му побегне со двоцифрена разлика во бодови, му дозволи да се приближи кон позициите што водат во повисок ранг.

Приказната за Монако е позната, ја играат најлошата сезона откако во 2013 година се вратија во Првата лига и бијат грчевита битка за опстанок. Мечот се чини е во втор план за двете екипи, па ќе типуваме на малку голови.

Предлог тип: 1Х&0-2 гола (2.10)

 

Сет – Лил (21 часот)

Разликата во квалитет и во ранг на натпревари меѓу двата тима е голема. Лил е прволигаш во Франција и игра одлично, па моментно е второпласиран зад неприкосновениот ПСЖ.

Сет игра во Националната лига два на Франција, што е четврта лига по квалитет и нема капацитет да го изненади гостинот. Во куповите секогаш се можни изненадувања, но Лил е преголем залак за Сет.

Предлог тип: 2-2&2+ (2.18)

 

Хетафе – Валенсија (21.30 часот)

Двете екипи наизменично победуваат во меѓусебните дуели во последниот период, но денеска клубот од Мадрид за нијанса е фаворит.

Триото Молина, Мата и Анхел им функционира како часовник и заедно имаат постигнато 19 од вкупно 25 голови за Хетафе во Ла Лига.

Валенсија мака мачи со голови, напаѓачите никако да блеснат, па играчот од средниот ред Парехо им е прв стрелец со пет гола. Во првенството шансите за излез во Европа не се загубени, но Хетафе ќе им биде еден од главните ривали и во Ла Лига и вечерва, на првиот меч од четврт-финалето на шпанскиот куп.

Предлог тип: 1Х&2-4 гола (2.40) Квота на денот

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести