Португалија има отворен пат до полуфинале, можат ли до финале и титула?

Репрезентацијата на Португалија со убиственото издание против Швајцарија, се наметнува како кандидат од позадина за пласман во финалето на Мундијалот во Катар.

Не беа во прв ред фаворити за титулата, не се ни сега, но Португалците покажаа дека никому нема да му биде лесно против нив. Добро се покриени на сите позиции, имаат комбинација од младост и искуство, имаат добар селектор, а кога се расположени како вечерва, тие го оправдуваат епитетот и прекар европски Бразилци.

Уште од далечната 1938 година не беше видено во осминафинале на СП некој да даде 6 гола, а Швајцарија 59 години немаше примено шест голови на еден меч.

Сега за Португалија следува четвртфинале против незгодниот Мароко во кое ќе бидат фаворити, а ако го минат, ќе играат полуфинале со Франција или Англија, каде би биле благи аутсајдери.

- Оглас -

Најнови вести