Португалија ја победи Турција и се приклучи на Германија и Шпанија како трет сигурен патник во нокаут фазата

Репрезентацијата на Португалија стигна до втората победа на ЕП, откако со 2:0 славеше над Турција. Со максимални шест бода Португалија го обезбеди првото место во групата и има сигурен пласман во осминафиналето. За Турција останува во последното коло од групата, против Чешка да не загуби и ќе игра во осминафиналето.

Уште во првите половина час Португалија ги реши сите дилеми околу победникот. Бернардо Силва погоди во 21 минтуа за водство од 1:0 и потврди дека фаворитот нема да дозволи изненадување.

Само седум минути по првиот гол на Португалија, следуваше нова радост за Кристијано Роналдо и другарите. Португалците лошо изведоа еден контра напад, но додека Роналдо се лутеше зошто не ја добил топката, турските фудбалери направија шоу.

Четворица играчи во бели дресови беа околу топката и кога Акајдин сакаше да додаде до голманот, се случи шок. Голманот Бајиндир беше излезен напред, далеку од својот гол, па топката заврши зад гол-линијата и Португалците „ни криви, ни должни“ повторно се радуваа.

Во второто полувреме Португалците искусно и рутински знаеја како да не дозволат да има драма, па во 56 минута Бруно Фернандеш погоди за 3:0.

 

- Оглас -

Најнови вести