6710 Турција – Грузија (18.00 часот)
Грузија е дебитант на европските првенства, што значи дека плус ќе им биде мотивацијата, а минус неискуството од играње на големи настани. На овој меч во Дортмунд, Турците ќе имаат огромна поддршка од трибините. Турција е тим кој има серија од пет меча по ред без победа, а последната радост им беше токму во Германија, на пријателски меч против Панцерите. Последниот меѓусебен дуел на овие селекции им беше пред 12 години, тогаш пријателски.
Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.40)
5607 Ал-Итихад – Ал-Ахли (18.00 часот)
Ова е меч од египетската лига. Ал-Ахли од Каиро е многу поголем и потрофеен клуб, а и во форма се, имаат серија од пет победи по ред. Двата тима имаат еднаков број бодови во моментов, но Ал-Ахли има одиграно дури десет натпревари помалку. Од последните десет меѓусебни дуели на овие тимови, девет пати победи Ал-Ахли, а еднаш беше нерешено, па и традицијата оди во прилог на тоа дека гостите ќе слават на овој меч во Александрија.
Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.30)
9197 Словенија – Аргентина (20.30 часот)
Во одбојкарската Лига на нации, Словенија по осум кола има скор 7-1, ист таков биланс има и лидерот Италија, а Аргентина е на 4-4, па Словенците се големи фаворити за победа. Претходните два меѓусебни дуела на овие селекции исто така беа во Лигата на нации лани и преклани, Словенија победуваше со по 3-1 во сетови. Веруваме во победа на Словенците, прашањето е дали Аргентина ќе освои барем еден сет.
Предлог тип: Х 1 -6.50 поени (1.88)
6711 Португалија – Чешка (21.00 часот)
Кристијано Роналдо и друштвото треба да покажат колкави им се можностите и во каква форма влегуваат на ЕП 2024. Португалија е голем фаворит против Чешка и европските Бразилци не би смееле да киксираат на мечот на кој Роналдо ќе влезе во историјата како прв со настап на шест различни европски првенства. Последниот пораз на Чесите беше во октомври, кога загубија од Албанија. Португалија уште од јуни 2022, цели две години, нема играно нерешено.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.30)
2839 Валур – Викингур (22.15 часот)
Ова е дуел на два од моментно најдобрите три исландски тимови. Валур има четири бода помалку од Викинзите, кои се први на табелата по десет кола. Двата тима од Рејкјавик имаат само по еден пораз сезонава, во просек даваат по малку повеќе од два гола по меч. Валур е тим кој редовно и дава и прима гол, речиси редовно играат со 3+ голови, а слично е и кај Викингур, кој е благ фаворит за победа.
Предлог тип: 1–3 I & 1-3 II (1.65)