Португалија ќе остане перфектна во квалификациите за ЕП 2024

6727 Ерменија – Хрватска (18.00 часот)

Хрватска со убедливата победа над Летонија од 5:0 пред три дена направи голем исчекор кон пласманот на ЕП 2024. Коцкестите од три меча имаат седум освоени бода, три помалку од лидерот во групата Д, Турција, која има дури два меча повеќе. Ерменија пред три дена ремизираше во Ескишехир против Турција, но вечерва фаворит е Хрватска. Досега овие две селекции одиграле само еден натпревар, пријателски, кој завршил без победник 1:1.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.18)

 

6728 Летонија – Велс (20.45 часот)

Велс игра очајно во квалификациите за ЕП 2024 и по четири кола има дури два порази и денеска победата е единствена опција доколку сака да ги задржи шансите за освојување на второто место во својата група. Противник на Велс е Летонија, која е поразена во сите четири меча и има гол-разлика 4:11 и јасно е кој е голем фаворит за триумфот. Досега овие две селекции одиграле два меѓусебни натпревари кои завршиле со триумф на Велс (1:0 и 2:0).

Предлог тип: Т2 1+ I & 1+ II (2.65)

 

6762 Португалија – Луксембург (20.45 часот)

Португалија игра неверојатно во квалификациите, славеше на сите пет меча досега и има импресивна гол-разлика од 15:0. Противник на Роналдо и соиграчите е Луксембург, кој во првиот меч беше декласиран со убедливи 6:0. За очекување е Португалија да слави нова убедлива победа со која ќе го завери пласманот на ЕП.

Предлог тип: 1-1 & 2+ пол. (2.30)

 

6734 Шпанија У21 – Шкотска У21 (21.00 часот)

Младите фудбалери на Шпанија фуриозно ги започнаа квалификациите за ЕП 2025 со победа од 6:0 против Малта. За Шкотланѓаните ова ќе биде прв натпревар во квалификациите, но за сè ќе се прашуваат шпанските фудбалери.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (1.96)

 

6763 Словачка – Лихтенштајн (20.45 часот)

Селекцијата на Словачка иако загуби од Португалија пред три дена, има одлична шанса да се зацврсти на второто место на табелата во групата Ј бидејќи конкурентот Луксембург игра против Роналдо и соиграчите. Словачка досега одигра пет меча во квалификациите за ЕП и има скор од три победи и по еден пораз и реми, со гол-разлика 5-2. Се очекува Словачка вечерва значително да ја подобри гол-разликата бидејќи игра против репрезентацијата која загуби на петте меча во квалификациците и има гол-разлика 1:16.

Предлог тип: 2+ I & 4+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести