29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Португалија може сама да си одбере против кого ќе игра во осминафиналето

Португалците го имаат обезбедено првото место во својата група и тоа не може да се смени, но тие се во ситуација сами да одлучуваат против кого ќе играат во осминафиналето на ЕВРО 2024.

Ако остане ситуацијата како во моментов, Португалија во осминафиналето треба да игра со Унгарија. Но, доколку Португалците вечерва загубат од Грузија, тогаш нивен ривал во осминафиналето нема да биде Унгарија, туку Словенија.

Останува да се види дали ќе калкулираат и ќе ја одберат Словенија, или Унгарија им е прифатлив ривал за осминафиналната рунда.

- Оглас -

Најнови вести