17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Португалија остана без три големи ѕвезди пред одлучувачкиот меч против Србија

Репрезентацијата на Португалија ќе ги одигра двата одлучувачки натпревари за претстојните квалификации за Светското првенство во Катар без три големи ѕвезди.

Жоао Марио и Рафа Силва од Бенфика, како и Ентони Лопес, голманот на Лион, ќе мора да паузираат откако се здобија со повреди во настапите на своите клубови.

Затоа селекторот на оваа селекција, Фернандо Сантош, дополнително ги повика голманот на Вулверхемптон, Жозе Са, и офанзивецот на Валенсија, Гонсало Гедеш.

Португалија е во групата А, каде што во завршницата на квалификациите заостануваат еден бод зад Србија, но имаат и натпревар помалку.

Најпрвин Роналдо и дружината во петок ќе гостуваат во Даблин, каде што ќе се соочат со Ирска, додека во недела ќе го играат одлучувачкиот меч против Србија, и тоа на домашен терен.

Победникот од групата ќе си обезбеди виза за во Катар, додека второпласираниот ќе мора да игра дополнителни квалификации.

- Оглас -

Најнови вести