Португалија подготвува ново чудо против Норвешка

Репрезентацијата на Португалија е пример дека секогаш треба да се верува во своите можности и дека ништо не е недостижно. Уште во првото коло, Португалија ја изненади најтрофејната селекција во историјата на ракометот – Франција. Галските петли беа шокирани и загубија со 25:28, што само беше најава дека во оваа група ќе биде најголемото изненадување на ЕП.

Португалија во второто коло ја победи и Босна и Херцеговина, а Норвешка славеше против Франција, па сега овие две репрезентации ќе играат во борба за првото место во групата Д.

Многу понеизвесно ќе биде во групата Ф, каде што уште ниедна селекција не е сигурна. Словенија игра против Швајцарија и доколку не се случи чудо, Словенците ќе бидат први во групата. Во вториот меч, Шведска треба да ја оправда фаворитската улога против Полска.

 

- Оглас -

Најнови вести