Португалија и Холандија ремизираа 33:33 во меч од последното коло во главната групна фаза на Европското првенство во ракомет. Со овој бод Португалија моментално е на третото место во групата, но мора да го чека исходот од дуелот меѓу Данска и Словенија, на кој Словенците не смее да победат за Португалија да остане трета.
Третото место во групата е важно затоа што носи борба за петтото место на шампионатот, а со тоа и можност за пласман на Летните олимписки игри во Париз ова лето.
Холандија беше подобар тим во првото полувреме. Лалињата уште на почетокот од дуелот со серија од 3:0 стигнаа до предност од 4:2 и до крајот на првите 30 минути постојано го контролираа резултатот и на полувреме заминаа со предност од 17:15.
https://twitter.com/i/status/1749808719402254585
На почетокот од вториот дел, Холандија трипати водеше и со три разлика (последен пат со 21:18). Сепак, Португалија, на која многу повеќе ѝ вредеше победата на овој дуел, не се предаде и полека ја намалуваше негативата, а во последните 15 минути влезе со нерешен резултат 25:25.
Беше и 30:30, а потоа Португалија даде два погодоци по ред, па Холандија беше селекцијата која бркаше негатива во завршницата. Во последниот напад, Холандија даде гол за 33:33 и Лалињата го освоија првиот бод во групата во која останаа на последното место.