Португалија ремизираше со Шведска, Хрватска немаше милост и победи со 20 разлика

Ракометарите на Португалија продолжуваат со одличните настапи на Светското првенство откако одигра нерешено 37:37 против фаворизираната Шведска. Со ова реми Португалија стигна до пет бодови и е на првото место во групата, што значи дека има добри шанси да стигне и до четвртфиналето.

Во текот на мечот двете селекции се менуваа во водство, но ниту една репрезентација немаше повеќе од два гола предност. На крајот Португалија израмни на 37:37, а Шведска во последниот напад постигна гол, но тој беше постигнат по последниот судиски свиреж. За Шведска ова е второ реми и сега има четири бодови во групата во која свои шанси имаат и Бразил, Шпанија и Норвешка.

Хрватска немаше милост и со 44:24 славеше над Зеленортски острови во Загреб. Со оваа победа Коцкестите ја задржуваат шансата да одат во нокаут фазата.

Бразил во финишот го скрши отпорот на Чиле и го победи со 28:24, додека Словенија без проблеми славеше над Аргентина со 34:23.

 

- Оглас -

Најнови вести