Португалија се подготвува за славење, но и Италијанците го правеа истото во Палермо, па на крајот плачеа (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација во овие моменти го одржува последниот тренинг пред историскиот дуел против Португалија, кој треба да го даде учесникот на Светското првенство во Катар.

На стадионот „Драгао“, домаќините се подготвени за славење по утрешниот дуел. На столчињата на трибините се наредени португалски знамиња.

Иако атмосферата на „Драгао“ ќе биде пеколна, нашите фудбалери само пред неколку дена на стадионот во Палермо покажаа дека знаат како да се справат со притисокот што го создаваат противничките фанови од трибините.

Едноставно, Македонија во Порто е дојдена по уште една сензација, која ќе значи и пласман на нашите фудбалери на Светското првенство во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести