11.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Португалија со голови ќе слави пласман на СП, Украина преку Исланд брка бараж (Фото)

6774 Италија – Норвешка (20:45)

На Италија ѝ е потребна победа од девет гола разлика против Норвешка за директен пласман на Светското првенство, но јасно им е на сите дека такво нешто не е можно, па мечот во Милано нема да има големо резултатско значење. Двете селекции одиграа ефикасни квалификации, тоа посебно се однесува на Норвежаните, па очекувањата се дека и на „Сан Сиро“ ќе бидат постигнати најмалку три гола.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.89)

 

6768 Португалија – Ерменија (15:00)

Португалија имаше шанса уште минатото коло да се промовира во учесник на Мундијалот, но поразот од Ирска само ја пролонгираше нивната прослава. Вечерва на домашен терен ја пречекуваат Ерменија и сами одлучуваат за својата судбина. Било каква победа ги носи на Светското првенство, а нема сомнеж дека тоа ќе биде убедлив триумф, иако нема да го имаат Кристијано Роналдо во составот.

Предлог тип: 4+ (1.66)

 

6771 Украина – Исланд (18:00)

Украина и Исланд во директен дуел ќе одлучуваат за втората позиција во групата и пласман во мундијалскиот бараж. Исланѓаните се во предност, бидејќи имаат подобра гол-разлика, па затоа Украина ќе мора да победи на мечот во Варашава, ако сака да го продолжи патот кон САД, Канада и Мексико. На последните два натпревари на овие две селекции победуваа Украинците со 3-5 на гости и 2-1 дома.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.13)

 

6769 Албанија – Англија (18:00)

Албанија и Англија вечерва во Тирана играат меч без никакво резултатско значење, бидејќи јасно е дека „гордиот албион“ веќе е во Мундијалот, а Албанија во баражот. Тоа значи дека шанса за настап ќе добијат и фудбалерите кои имаа помала минутажа, а и двајцата селектори нема што да бранат. Во таква ситуација головите ќе бидат неизбежен декор.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.89)

 

6773 Израел – Молдавија (20:45)

Израел веќе нема шанси да дојде до второто место на табелата, па мечот во Дебрецин против Молдавија е одлична можност за нив да се вратат на победничките патеки. На последните четири натпревари одиграа катастрофално, а Молдавија е во уште полоша форма, па очекувањата се дека Израелците ќе слават на овој натпревар.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.19)

- Оглас -

Најнови вести