Португалија стана светски шампион за фудбалери до 17 години

Португалија првпат во својата историја стана светски шампион во фудбал за играчи до 17 години. Португалците го добија финалето против Австрија со минимални 1-0 на Мундијалот што се одржа во Катар. Со ова земјата ја надополни светската круна со У17 категоријата, додавајќи ја кон двете титули од У20 Мундијалите во 1989 и 1991 година.

Победничкиот гол беше постигнат во 32-рата минута, кога Анисио Кабрал лесно реализира од одлична позиција по асистенција на Дуарте Куња.


Австрија имаше сериозна шанса во 86-тата минута, кога Даниел Фраушер шутираше ниско, но топката ја погоди стативата.

Претходно во текот на денот, Италија гo освои бронзениoт медал откако со 4-2 на пенали го совлада Бразил. Регуларниот дел заврши без голови, иако Бразил од 14-тата минута играше со фудбалер помалку по црвениот картон на Витор Тешеира.

- Оглас -

Најнови вести