Португалија треба да го фати „последниот воз“ на Мундијалот за младинци

Португалија е апсолутен фаворит против Јужна Африка, а три бода ќе значат сигурен пласман во нокаут-фазата на Светското првенство за играчи до 20 години, кое се игра во Полска. По првите два меча, Португалија не воодушеви и даде само еден гол, а лесно го загуби дербито од Аргентина. Сега ќе брка триумф против селекцијата која нема никаква шанса и е со најслаб квалитет во групата Ф.

Во оваа група Аргентина доволно е да не загуби од Јужна Кореја, која ќе биде задоволна и со бод за сигурно да остане во игра на планетарниот собир.

„Џокерот“ во свои раце го имаат и младинците на Панама. Оваа селекција има бод и игра против Саудиска Арабија, која е без бодови. Панама со победа сигурно ќе им се приклучи на Франција и Мали во групата Е, кои се сигурни и попладнево ќе играат во борба за првото место во групата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести