Португалија за првпат во својата историја ќе игра полуфинале на Светско првенство во ракомет, вечерва во Осло ќе си ги одмерат силите со моќната Данска, па најзападната земја во Европа ја тресе ракометна треска.
Присуство в недела потврди премиерот на Португалија, Луис Монтенегро, а специјална дозвола од парламентот доби и претседателот Марсело Ребело де Соуса, па и тој ќе замине во главниот град на Норвешка за да го гледа историскиот меч за португалскиот ракомет, без разлика дали тоа ќе биде финалето или мечот за трето место.
Данска е фаворит вечерва, таа беше светски шампион на претходните три првенства, и актуелен олимписки шампион, има и 6-0 во шесте меѓусебни дуели со Португалија.