Португалската лига го прогласи Кристијано Роналдо за најдобар на сите времиња

Кристијано Роналдо ја освои наградата „Најдобар фудбалер на сите времиња“ на доделувањето на наградите на Португалската лига.

Лигата во соопштението наведува дека 40-годишниот напаѓач на Ал-Наср „дефинирал една ера и оставил неизбришлив белег во светскиот фудбал“.

Роналдо е петкратен освојувач на Златната топка и најдобар стрелец во историјата на фудбалот, со 943 гола. Тој не присуствуваше на церемонијата во Порто вечерва, туку имаше видео обраќање во кое им се заблагодари на сите соиграчи и тренери кои му помогнале да стане уште подобар.

 

- Оглас -

Најнови вести