Повредата на Александер Исак беше голем удар на и така лошата сезона за Ливерпул, па раководството на „црвените“ сега е во потрага по краткорочно решение за нападот.
На врвот од листата со желби е фудбалерот на ПСЖ, Гонсало Рамос, во кого гледаат идеално решение за позајмица до крајот на сезоната. Сепак, раководството на „светците“ треба да ја донесе конечната одлука, а што се однесува до самиот фудбалер, тој не би имал ништо против следните шест месеци да ги мине на „Енфилд“.
Освен Рамос, на листата со желби на Ливерпул се и Тони од Ал Ахли, Влаховиќ од Јувентус, но и Родриго од Реал Мадрид, во кого гледаат како на врвно засилување за офанзивата.

