8.8 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Португалски репрезентативец ќе биде првото засилување за Карик во Манчестер јунајтед

Португалскиот репрезентативец Рубен Невеш се очекува да биде првото засилување за Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед. Екипата од „Олд Трафорд“ сака да го засили средниот ред, а токму во Португалецот се гледа на фудбалер кој може тоа и да го направи.

Во прилог оди и добрата цена која ја има Рубен Невеш во моментов, па Ал-Хилал би прифатил сума од 20 милиони евра. Преговорите меѓу двете екипи веќе се започнати, а Португалецот нема ништо против да се врати на Островот.

Рубен Невеш во 2023 година беше продаден од Вулверхемптон на Ал-Хилал за сума од 55 милиони евра и беше една од најголемите ѕвезди кои пристигнаа во Саудиска Арабија.

 

- Оглас -

Најнови вести