Кошаркарскиот клуб Илијабум, кој е второлигаш во Португалија, се најде во фокусот на европската кошарка со брилијантна иницијатива и комичен обид да го ангажира легендарниот шпански крилен центар Пау Гасол.
Португалците се покажаа како клуб со добра смисла за хумор, па до Гасол испратија понуда која сметаат дека „не се одбива“. Ветувањата на Илијабум до Гасол се следниве:
Официјална презентација во центарот на градот со директен телевизиски пренос, играње во португалскиот кошаркарски главен град, играње во дрес со слични бои како тие за Лос Анџелес лејкерс, што би му донело убави сеќавања на Гасол, секојдневни прошетки покрај море на убави плажи, неделни посети на аквариум, музеј и други туристички атракции, а на денот на мечот ќе добие бесплатна печена кокошка и слично.