Португалскиот гигант го менува името на стадионот во чест на Кристијано Роналдо

Спортинг Лисабон, еден од најтрофејните португалски клубови, има намера да го смени името на стадионот кој сега се вика „Жозе Алвалде“. Според најавите, новото име на стадионот би било „ЦР7 стадион“ или „Алваладе ЦР7“ во чест на Кристијано Роналдо.

Роналдо играчката кариера ја започна токму во Спортинг и во зелено-белиот дрес ги покажа првите блескави моменти. Од Спортинг направи трансфер во Манчестер јунајтед, а потоа девет години помина во Реал Мадрид. Од оваа сезона го носи дресот на Јувентус.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести