Португалскиот гигант под истрага, се сомничи дека местел натпревари

Трофејниот португалски клуб Бенфика е под истрага за местење натпревари. Обвиненијата против клубот се за периодот од 2016 до 2020 година, пишуваат португалските медиуми.

Овој скандал во Бенфика доаѓа само една и пол година откако долгогодишниот претседател на клубот Луис Фелипе Виеира мораше да поднесе оставка откако беше уапсен за затајување данок, измама и перење пари.

Сега Бенфика се соочува со нов голем скандал, а меѓу оние кои се под истрага е и новиот претседател на клубот, Руи Кошта, како и целиот борд на директори. На 3 јануари пред судот се појавиле членови на Управниот одбор од 2016 до 2020 година, како и актуелни функционери во клубот.

- Оглас -

Најнови вести