Спортинг Лисабон е во незавидна ситуација. На португалскиот фудбалски гигант му се заканува суспензија од три години во европските купови доколку до крајот на јануари не ги исплати сите заостанати долгови, потврдија од УЕФА.
Освен долговите што ги има, клубот е казнет со дополнителни 250.000 евра, кои исто така мора да бидат навреме платени.
Спортинг е редовен учесник во европските натпреварувања на УЕФА. Сезонава тимот играше одлично во групната фаза од Лигата на шампионите, па си обезбеди место во нокаут-фазата, каде што за противник го има Манчестер сити.