Португалскиот селектор објасни зошто Роналдо е на клупа!

На многумина не им се веруваше дека може да се случи Кристијано Роналдо да биде резерва на еден значаен натпревар на Португалија на Светско првенство, но и тоа се случи, вечерва против Швајцарија најдобриот португалски фудбалер во историјата не е меѓу стартерите, туку на клупа.

Селекторот Фернандо Сантош објасни зошто го оставил Роналдо на клупа.

„Не е никаква казна. Станува збор само за стратегија која ја подготвуваме неколку дена. Роналдо е професионалец за пример и сигурен сум дека ако влезе во игра, многу ќе ни помогне“, рече Сантош.

Кристијано Роналдо на големите натпреварување првпат после 14 години не е стартер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести