Европската куќа на фудбалот вчера објави дека осум клубови се исфрлени од нивните натпреварувања пореди непочитување на финансискиот фер плеј.
Ваквата одлука доаѓа по вчерашниот состанок на комисијата која што го контролира финансискиот фер плеј, а меѓу екипите најпогодени се Спортинг и Порто.
Овие два португалски гиганта треба до крајот на јануари да прикажат дека сметките им се израмнети, односно не се во минус, а ако не го сторат тоа, тогаш ќе добијат тригодишна суспензија од натпреварувањата на УЕФА.
Покрај овие два клуба, тука уште се и: ЦСКа Софија (Бугарија), Астана (Казахстан), Клуж (Романија), Монс Калпе (Гибралтар), Бетис (Шпанија) и Санта Клара (Португалија).
Покрај евентуалната суспензија, секој од овие клубови плати висока казна кон УЕФА поради непочитување на ФФП правилата.
Португалските екипи најмногу „настрадаа“ односно можат да настрадаат од ова. Спортинг игра одлично во оваа сезона и веќе се пласираше во понатамошната фаза, додека Порто со евентуална победа над Атлетико Мадрид може да го стори истото.
Интересно е што и на Бешикташ и АЕК им се закануваше истото, но, тие успеаја да ја средат документацијата.