1361 Хетафе – Валенсија (21:00 ч.)
Ова е натпревар на два тима кои се наоѓаат во зоната за испаѓање и секој бод до крајот на сезоната ќе им биде важен за опстанок. Хетафе врза два нерешени натпревари по ред играјќи 1:1, и тоа против градските ривали Атлетико Мадрид и Рајо Валјекано.
Валенсија пак е најголемо разочарување сезонава во Ла Лига, се наоѓа на 18-тото место на табелата. Сметката поради слабите игри ја плати Џенаро Гатузо, но не му оди ниту на неговиот наследник Воро, кој се наоѓа во серија од три порази по ред. На последниот натпревар, против Атлетик Билбао, Валенсија барем постигна гол.
Предлог тип: ГГ (2.15)
1544 Бенфика – Боависта (22:15 ч.)
Бенфика се ноаѓа во серија од четири победи по ред во португалскиот шампионат и е лидер на табелата со 53 бода, а добрата форма ја потврди и во осминафиналето од Лигата на шампионите, каде што како гостин со 2:0 го совлада Бриж.
Орлите победија на петте последни меѓусебни дуели со Боависта што ги играа на домашен терен во шампионатот, а победата им е императив бидејќи Порто им дојде само на два бода на табелата. Иако Боависта не игра лошо сезонава, се наоѓа на осмата позиција со 26 бода, на вечерашниот натпревар за сè ќе се прашува токму Бенфика.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.75)
1543 Чавес – Спортинг Л. (20:00 ч.)
Вечерва игра и вториот тим од големата португалска тројка, Спортинг Лисабон, и ја има фаворитската улога против Чавес.
Победата му е повеќе од потребна на Спортинг бидејќи во претходното коло загуби во дербито со Порто (1:2), а не успеа да триумфира ниту во Лигата на Европа против Митјиланд (1:1) иако играше пред своите гледачи. Дополнителен мотив за Спортинг е податокот дека во првиот дел од сезоната загуби од Чавес пред своите гледачи.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.35)
1648 Јонг Утрехт – НАК Бреда (20:00 ч.)
Натпреварите од втората холандска лига се синоним за голови и се очекува тоа да го потврдат Јонг Утрехт и НАК Бреда. Вториот тим на Утрехт се наоѓа на последното место на табелата само со 17 освоени бодови на 24 натпревари, додека НАК Бреда е десетта и има шанси да се замеша во битката за позициите кои водат во разигрувањето за пласман во Ередивизијата.
Јонг Утрехт иако е последен на табелата, ја нема најслабата одбрана во лигата (42), но исто така постигнува и помалку голови (22). На три од последните четири средби, Јонг Утрехт постигна по еден гол, додека НАК Бреда просечно постигнува и прима по 1,5 голови по натпревар.
Предлог тип: ГГ 3+ (1.94)
2806 Виборг – Митјиланд (19:00 ч.)
Ова е последен натпревар од првото коло од пролетниот дел од сезонава во данскиот шампионат и Виборг е благ фаворит против Митјиланд. Виборг се наоѓа на второто место на табелата со 32 бода, четири помалку од лидерот Нордсјиланд, додека Митјиланд се наоѓа во долниот дел од табелата со 23 бода.
За разлика од Виборг, кој денеска го игра првиот официјален натпревар годинава, Митјиланд изненади во четвртокот и ремизира 1:1 на гостувањето кај Спортинг Лисабон во нокаут-фазата во Лигата на Европа. На меѓусебните дуели редовно има голови, а настапот пред своите гледачи го прави Виборг фаворит на денешниот натпревар против Митјиланд, кого в четврток го очекува реваншот против Спортинг.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.16)