Португалските клубови имаат најголема заработка од продажба на фудбалери од 2015, па сè до денес според податоците кои ги објави Меѓународниот центар за спортски истражувања. Клубовите од португалската лига заработиле неверојатни 2,34 милијарди евра од продажба на фудбалери, а изненадувачки на второто место е англиската Чемпионшип дивизија со 1,5 милијарди евра.
Од клубовите во водство е Бенфика со заработка од 816 милиони евра, пред Ајакс со 473 милиони и Салцбург со 401 милион евра. Во првите 10 се и Лил, Спортиг, Монако, Порто, Брага, Динамо Загреб и ПСВ.
https://twitter.com/CIES_Football/status/1832716507639603267?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1832716507639603267%7Ctwgr%5Ed367ba8d6caa4a04382fe35f8b71e0e4744b17bd%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fdinamo-u-top-10-po-zaradi-od-transfera-od-2015-evo-koliko-je-zaradio%2F2598082.aspx
На другата страна, најголем потрошувач е екипата на Челзи со неверојатни 2,78 милијарди евра за трансфер во последните девет години. Следува Манчестер сити со 1.96 милијарди евра, додека на третото место е Манчестер јунајтед со 1.95 милијарди евра.