Португалското дерби зачинето со англиски шарм

1137 Сандерленд – Шефилд вензди (20:45 ч.)

Дуел на две квалитетни екипи од Лига еден во Англија кои ретко губат. Сандерленд е само на еден бод зад лидерот Ротерам, а сезонава дома има девет победи во 11 меча.

Шефилд е експерт за нерешени резултати и има 10 ремија во 22 кола, а на домашен терен пред неполни два месеци го победи Сандерленд со 3:0. Меч на кој се очекуваат голови, а Сандерленд е во улога на фаворит.

Предлог тип: 1Х&2-5 (1.78)

 

1023 Борнмут – Кардиф (20:45 ч.)

Борнмут одлично ја започна сезоната, но нареди шест меча без победа во кои освои само три бода, но таа лоша низа беше прекината пред два дена со победата на гости кај КПР. Борнмут уште е лидер во Чемпионшип и еден од фаворитите за место кое води во Премиер лигата.

Кардиф е во долниот дел од табелата и тим што ја има втората најслаба одбрана со дури 39 примени гола во 22 кола.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.70)

 

1133 Стоук – Дерби (20:45 ч.)

Стоук освои 35 бодови и е со шанси за место во плејофот. Дерби е на последното место, но седумте бода не се реални затоа што тимот освои вкупно 28 бодови, но првенството го започна со минус од 21 бод, па затоа на тимот главна цел ќе му биде да се спаси од испаѓање, што реално е возможно.

Во првиот дел од сезоната, Дерби го победи Стоук со 2:1 и ова е најава за нова интересна пресметка во која треба да има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.20)

 

1544 Порто – Бенфика (22 ч.)

Дерби на два клуба кои атакуваат на титулата во Португалија. Порто имаат голем мотив бидејќи со победа ќе ја завршат годината на првото место, пред Спортинг.

Порто дома има перфектни седум победи во седум меча и е без пораз сезонава во 15 средби. Бенфика е најдобар тим на гости со седум победи и само едно реми. На последните седум меѓусебни дуели, Порто има пет победи и две нерешени, а Бенфика последен пат се радувала во март 2019 година.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.75)

 

2863 Бешикташ – Алтај (19 ч.)

Алтај е еден од најслабите тимови во елитното турско друштво и Бешикташ тука не би требало да има проблем. Сепак, ова е меч од 16-финалето на Купот, каде што изненадувања секогаш се можни.

Интересно е дека Алтај последен пат во првенството победи токму против Бешикташ со 2:1, што е само дополнителен знак домаќините да бидат внимателни.

Предлог тип: 1&3+ (1.98)

- Оглас -

Најнови вести