Со победата над Словенија од 33-30, ракометната репрезентација на Португалија истакна кандидатура за место во полуфиналето на Европското првенство.
За Португалија ова е втора победа по ред во втората групна фаза, откако ја совладаа и Норвешка. Мартим Кошта со 11 гола беше најзабележителен поединец.
Сега скорот во меѓусебните дуели на Словенија и Португалија на европските шампионати е 2-2. Неиграњето на болниот Благотиншек беше хендикеп за Словенците кои пренесоа два бода од првата фаза, но сега имаат два порази по ред.