Португалците и со вториот тим во првиот напад ја начнаа мрежата на Кореанците

Селекцијата на Португалија поведе со 1:0 уште во петтата минута од натпреварот против Јужна Кореја во рамки на последното трето коло во групата Х на Светското првенство во Катар.

Селекторот Фернандо Сантош, одлучи да одмори поголем дел од стандардните првотимци, но не и Кристијано Роналдо,  бидејќи Португалија веќе си обезбеди пласман во осминафиналето, но и резервите покажаа дека можат да бидат ефикасни.

Во првиот напад пред голот на Кореанците, Рикардо Хорта го совлада голманот Ким.

- Оглас -

Најнови вести