Португалците имаат нов бисер со познато презиме – Гиганти бијат жестока битка за соиграч на Ристовски

Спортинг Лисабон има нов фудбалски бисер со познато презиме, Кварезма, а за младиот стопер со име Едуардо веќе се интересираат пет значајни европски клубови.

Едуардо Кварезма е соиграч на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, а Лавовите од Лисабон постапија мудро и потпишаа договор со него до 2025 година.

Отштетната клаузула за стандардниот член на португалската репрезентација за играчи до 19 години сега изнесува 45 милиони евра, а трката за негов ангажман се вжештува со вклучувањето на Јувентус.

Претходно и двата италијански гиганти од Милано, Интер и Милан беа заинтересирани за Кварезма, а конкурираат и Атлетико Мадрид и Лајпциг, па Спортинг ќе биде на големи маки, ако сака да го задржи младиот стопер.

Интересно е што и многу попознатиот Кварезма, Рикардо почна во Спортинг како професионален фудбалер, а потоа играше за гиганти од калибарот на Барселона, Интер, Порто, Челзи, Бешикташ…

- Оглас -

Најнови вести