Португалците лапнаа 10,5 милиони евра, Македонија може до милионче ако биде шампион во Сегментот Д

Португалија го крена пехарот во премиерното издание на Лигата на нациите и си заработи вкупна парична награда од 10,5 милиони евра, што е солидна сума која ќе ја исплати УЕФА.

Македонија како полуфиналист на турнирот во Сегментот Д, односно како победник на една од групите, веќе инкасира 500 илјади евра, а ќе добие уште толку од вкупниот награден фонд ако биде шампион во Сегментот Д. Круната, односно шампионската титула нè води и на ЕП 2020 година.

Секако, обезбедивме пласман еден ранг погоре и во следното издание на Лигата на нациите ќе играме во сегментот Ц, каде што наградите се повисоки.

Досега само турнирот во Сегментот А, односно за шампионската круна во Лигата на нациите е завршен, па Португалија си доби 10,5 милиони евра, вицешампионот Холандија инкасира 9 милиони евра, бронзената Англија ќе си ја пополни касата со 8 милиони евра, додека Швајцарија, која е последна на завршниот турнир, добива 7 милиони евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести