Кристијано Роналдо не беше дел од составот на Ал-Наср на гостувањето кај Ал-Ријад во знак на протест против политиката на Инвестицискиот фонд, кој е сопственик на најголемите клубови во Саудиска Арабија.
Португалецот е лут на трансферот на Карим Бензема од Ал-Итихад во Ал-Хилал и смета дека на тој начин се фаворизираат останатите екипи и затоа Ал-Наср не може да освои трофеј.
Во моментов токму Ал-Хилал е лидер во Саудиска Арабија со бод предност пред Ал-Наср, но португалските медиуми најавуваат дека Кристијано Роналдо летово и дефинитивно ќе го напушти Блискиот Исток.
Тој не успеа да освои ниту еден трофеј, а според нив, заинтересирани биле екипи од Европа, но и од САД.
Сепак, тешко е да се очекува дека некоја екипа ќе може да ги исполни неговите финансиски услови, пред сè, поради фактот дека за два дена ќе наполни 41 година, па доколку навистина сака да игра во Европа или во САД, ќе мора да се согласи на многу помала плата.

