Португалците не ги простуваат промашувањата на ракометарите

Ракометната репрезентација на Македонија има негатива од три гола по првото полувреме (11:14) против Португалија во квалификациите за ЕП.

Подмладената Македонија, го постигна првиот гол на натпреварот преку Иван Џонов и тоа беше единственото водство кое го имаа избраниците на селекторот Кирил Лазаров.

Проблем во воведните минути беа и удрите од седум метри, Црвено-жолтите, изведоа шест седмерци и реализираа четири, но имаа два промашени во првите четири удари.

Португалците постигнаа два гола и поведоа со 1:2, а по голот на Кузмановски, Гомеш даде два гола за водство од 2:4. Потоа негативата во 20-та минута се зголеми на четири поени (4:8,5:9) и во последните десетина минути, ја одржуваа предноста од три гола со која и се замина на одмор.

Кузмановски, Серафимов и Џонов постигнаа по два гола и беа најзабележителни во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести