Пoвредата на глуждот на ногата што Кристијано Роналдо ја здоби на последниот меч за Јувентус најверојатно не е толку сериозна и тој ќе може да ја предводи репрезентацијата на Португалија на следните два меча од Лигата на нациите. Португалија најпрво ќе игра контролен меч против Андора, на кој Роналдо нема да игра, но потоа треба да е подготвен за дуелите против Франција и Хрватска во Лигата на нациите, каде што актуелниот европски првак се бори за првото место во групата.
Според „Кориере дело спорт“, на Роналдо ќе му треба некој ден одмор, а потоа без проблем ќе се врати во националниот состав.
Минатиот месец, кога Роналдо беше на репрезентативни обврски, доби корона-вирус, поради што мораше во следните 20-тина дена да седи во изолација, иако Португалецот успеа да го помине опасниот вирус без никакви симптоми.