Селекцијата на Португалија со убедливи 5:2 ја совлада Шведска во пријателски натпревар кој се играше во Гимараиш и покажаа зошто се едни од главните фаворити за триумф на Европското првенство кое налето ќе се игра во Германија.
Португалците, кои настапија брз својата најголема ѕвезда Кристијано Роналдо, одиграа одличен натпревар против Шведска, на која ѝ дадоа дури пет гола и веќе се наѕираат новите лидери во репрезентацијата, како Рафаел Леао и Гонзало Рамос.
Токму Леао во 24-тата минута го отвори резултатот, а на паузата Португалците заминаа со предност од 3:0. Нуњес во 33-тата минута зголеми на 2:0, а Бруно Фернандес погоди за 3:0.
На стартот од вториот дел, Брума по четврти пат ги крена навивачите на нозе на стадионот „Алфонсо Енрикес“.
Шведска првиот гол го постигна во 58-мата минута преку Гуокерес, а Рамос во 61-вата минута пукна петарда за Португалија.
Во последната минута од мечот, Нилсон го ублажи поразот.