Португалците се потсмеваат на дресовите за Мундијалот: Личат на реклама за овошје (Фото)

Кристијано Роналдо беше еден од моделите при презентацијата на португалските фудбалски дресови за Мундијалот во Катар, но ниту легендата не ги намали жестоките критики за изгледот на опремата на селекцијата која е еден од фаворитите за титулата на СП.

Португалците имаат договор со „Најки“, а официјалната промоција на новите дресови, еден означен како домашен, а вториот како гостински, беа жестоко критикувани од навивачите на оваа земја.

„Ова личи на рекламен простор за овошје, не на дрес на реномирана репрезентација како нашата“ е само еден од коментарите на симпатизерите на португалската репрезентација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести