Португалците се вртат против Роналдо по неговиот катастрофален настап против Шпанија (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го минува можеби и најтешкиот период во својата сениорска кариера.

Тој почесто е на клупата отколку на теренот во Манчестер јунајтед, а не му оди добро и во репрезентацијата на Португалија, каде што повеќе медиуми и навивачи се против идејата тој да биде стартер во националниот тим.

А поддршка за ваквата идеја има од самиот Роналдо, не дека тој изјави нешто, туку со неговиот вчерашен очаен настап против Шпанија во одлучувачкиот меч од Лигата на нации, кој Португалија го загуби со 1:0.

Тој не можеше да погоди ништо, имаше очајни додавања, а во ваква форма Роналдо е под знак прашалник за тоа дали ќе биде стартер на СП.

Еден од најпознатите медиуми, „А Бола“ на вчерашната насловна страница стави „Помалку Роналдо, повеќе Португалија“, што е јасно дека алудира на тоа да се остави на клупа еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести